Назад кон проекти

Cevahir Sky City

Скопје 2023 – 2024 Станбено-деловен комплекс
Cevahir Sky City

Cevahir Sky City е еден од најголемите станбено-деловни комплекси во Скопје, со повеќе кули и заеднички содржини распоредени на голема површина. Ваквиот обем бара континуирана испорака и координација со останатите изведувачи на градилиште.

Нашиот тим учествуваше во изведбата на преградни ѕидови и обложувања од гипс картон, како и во поставувањето на спуштени плафони во заедничките простори и деловните единици.

Посебно внимание беше посветено на звучната изолација меѓу становите и на противпожарните барања во заедничките комуникации, каде беа употребени соодветни системи и плочи.